ГО ПРАВАТ ТОА ПОТПОЛНО НЕСВЕСНО? Еве зошто мажите се вртат по жените

Оправдувањето за машкиот пол доаѓа од кругот на науката.

Всушност, тоа што се вртат по други девојки во присуство на својата девојка неможе да им се замери, бидејќи тоа е прашање на еволуцијата. Така покажа истражувањето на научниците од Универзитетот Стирлинг и Глазгов, кои заклучиле дека ништо неможе да се направи во врска со таквото однесување.

– Мажите се едноставно предодредени за репродуктивен успех и врски со што е можно повеќе жени. Затоа тие несвесно се вртат кон секој кој им е привлечен – велат научниците.

Сепак, психологот Маргарет Вудс потсетува дека тоа не е убаво, бидејќи ја срами и партнерката и девојката во која што гледа.

– Колку и да е убава и свесна за нејзината физичка привлечност, секоја жена ќе биде навредена или бесна на таков гест.

Единственото прашање е дали тие отворено ќе признаат или ќе молчат, а одвнатре ќе страдаат поради тој гест. Едноставно не е убаво што тоа го прават и зрели мажи, бидејќи е навредливо и деградирачко.

Нека се запрашаат како би реагирале ако нивните партнери го сторат тоа. Сигурно би помислиле дека не ги почитуваат – предупредува Вудс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.