Го прашаа дали ќе се смири со Џенифер Анистон, еве што одговори Бред Пит

Ниту бракот со Анџелина Џоли, ниту нивните заеднички деца не ги спречува фановите да фантазираат дека Бред Пит и Џенифер Анистон повторно ќе бидат заедно.
Тоа што тој неочекувано се појави на прославата на 50-тиот роденден на неговата претходна љубов, беше доволно за нови шпекулации кои се разгореа кога до јавноста пристигна информацијата дека тој и подарил куќа во Беверли Хилс во која живееле заедно додека биле во брак.


Entertainment Tonight објави видео што се чини дека ја разреши оваа дилема.
Имено, папараците го фатија холивудскиот актер додека се приближуваше кон автомобилот и секако не можеа да одолеат и да не му го постават прашањето дали има шанса да се помири со неговата поранешна сопруга, Џенифер Анистон.
-О, Боже мој! Уживајте во денот, рече 55-годишниот актер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.