Го предвиде разводот на ЈК и Тошиќ

Астрологот Душан Величковиќ ги предвиде проблемите во бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и разводот на Ана Кокиќ и Никола Раѓен.
Тој направи прогноза за познатите љубовни парови и тврдеше дека ќе дојде до ова што се случи на почетокот на годинава.
Јелена и Душко мораат да се разделат кога тогаш. Многу се сакаат, но тоа не е доволно за брак. Нивната љубов е кармичка. Таа е емоционално незрела, сè е можно, па и трет брак. Јелена има проблем со мажите. Нејзе не ѝ одговара машката енергија.

Таа функционира со Душко, бидејќи тој не живее овде. Кога ќе биде во Белград, Јелена ќе направи лом. Инаку тој скандал ќе ја издигне повторно, и тоа ќе и биде последен адут во кaриерата – рекол Душан.
Величковиќ најави дека светла иднина не ги чека ниту Ана Кокиќ и Никола Раѓен, што сега и се потврди.


Ана и Никола имаат проклетство бидејќи се премногу слични. Тие се несериозни и емотивно незрели. Нивниот брак е создаден од некоја сметка, но сфатиле дека се зафркнале. Никола е роден да се оствари во вториот брак – рекол астрологот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.