Го расклопил телефонот и наишол на сцена од која ќе имате ноќна мора

Еден Австралиец непријатно се изненадил кога го расклопил телефонот во една стара куќа во Сиднеј, во која работел. Во телефонот пронашол нешто од што на многумина може да им се згади – еден куп лебарки.

На работникот му се причинило дека со телефонот нешто не е во ред, па одлучил да го расклопи и да провери во каква состојба е. Кога го отворил, пронашол премногу лебарки една до друга.
„Го снимив ова додека работев во една куќа во Сиднеј. Си помислив дека треба да проверам што има внатре, бидејќи беше валкан и не работеше“, објаснил тој за „Unilad Australia“.

Пронајдете не на следниве мрежи: