Го уапсиле поради возење во пијана состојба, а тој воопшто не пиел – за сè било виновно необичното нарушување од кое страдал

Еден 46-годишен маж, кого полицијата во Северна Каролина го привела поради возење во пијана состојба, имал алкохол во крвта но воопшто не пиел.
Тој бил уапсен и одведен во болница откако одбил да направи алкотест кога ѝ кажал на полицијата дека не пиел. Имено, по апсењето било откриено необичното нарушување од кое страдал – неговиот стомак произведува пиво.
Тестирањето покажало дека во организмот имал еквивалент од 10 алкохолни пијалаци и му бил дијагностициран синдром кој се нарекува “авто-пивара” (АBS), состојба во која желудникот создава високо ниво на квасец. Овој синдром исто така познат и како синдром на ферментација во цревата, настанува кога габичките во гастроинтестиналниот тракт ги претвораат јаглехидратите во алкохол.
Мажот, кој не е именуван во медиумите, им објаснил на лекарите дека веќе три години доживува нетипични промени на личноста – вклучувајќи депресија, збунетост, губење на помнењето и агресивно однесување, а поради тоа бил на терапија со антидепресиви.


Гастроентерологот д-р Фахад Малик од Медицинскиот центар на универзитетот Ричмонд, кој го лекувал човекот со примена на анти-габична терапија и пробиотици, изјавил дека можно е антибиотиците да се главните виновници за синдромот.
“Полицијата, лекарите, медицинските сестри па дури и неговото семејство мислеле дека тој не ја зборува вистината и дека пие во тајност”, додал докторот.
Мажот повеќе не е подложен на терапија со антидепресиви, се вратил на работа и конечно живее нормален живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.