Го чека своето 10-то дете: Тајно се вери познатиот актер, сопругата му е убавица

Педесет и седумгодишниот актер Еди Марфи и неговата девојка Пејџ Бачер тајно се верија, само неколку недели откако открија дека ќе станат родители.
Веста се прошири откако беше објавена фотографија на идната мајка која носи дијамантски прстен, по што Еди ја потврди веридбата.

Славниот комичар и убавата Австралијка веќе имаат ќерка Изи Она, родена во мај 2016. Тие се задно веќе шест години, а нивниот заеднички живот е тајна, зашто немаат профили на социјалните мрежи.
На Марфи ова ќе му биде втор брак, откако по 22 години заеднички живот се разведе од Никол Марфи. Тој веќе има девет деца и тоа пет родени во бракот со Никол, има 29 годишен син со Паула Мекнели, син со Тамара Худ и 11-годишна ќерка со пејачката Мелани Браун.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.