Градоначалникот на Комо, Алесандро Рапинезе донесе одлука да забрани возење велосипед во историскиот центар на градот, откако во тој реон бил удрен од велосипедист.
Забраната стапува на сила од септември и се однесува на околу 30 улици. Ова значи дека велосипедистите, без разлика дали возат електрични или конвенционални велосипеди, ќе мора да се симнат од своите велосипеди и да ги туркаат по тие улици.
Рапинезе веднаш се најде на критики и беше обвинет дека овој начин прави лична одмазда. Активисти дури покренаа петиција со која бараат поништување на одлуката, а велосипедисти планираат да возат велосипеди по забранетите улици кон средината на септември во знак на протест.
Претседателот на здружението Ново Комо, кое е организатор на протестот на велосипедистите, Винченцо Фаланга, го обвини Рапинезе дека „индивидуалните проблеми ги претвора во колективни“.
Бранејќи ја својата одлука, Рапинезе признава дека ваквата одлука ја донела затоа што го удрил електричен велосипед. Инцидентот се случил во јуни, додека Рапинезе ја напуштал зградата на градската управа, по состанок на која се разговатало за ограничување на сообраќајот во центарот на градот.
„Луѓето постапуваат врз основа на сопствените искуства и јас знам какво е да се биде удрен од еден од овие ѕверови“, истакна градоначалникот.
Рапинизе верува дека забраната е неопходна за јавната безбедност, особено „на место полно со туристи“.
Противниците на мерката, меѓутоа, тврдат до ваквата забрана ќе се оневозможи одење до езерото Комо по најбликсиот пат, како и дека ќе се оневзоможи користење евтин и еколошки превоз. Мерката особено ќе ги погоди компаниите на достава, како и сопствениците на продавници кои зависат од нив за снабдување.



