Неделното утро во Скопје започна со активности за почисти и поуредни јавни површини, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Екипите од раните утрински часови се на терен, каде што се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот.
Ѓорѓиевски посочува дека одржувањето на чист и уреден град не може да се постигне со една акција, туку бара редовна работа, дисциплина и континуирана грижа.
„Скопје е наш заеднички дом. Да го чуваме чист, уреден и достоинствен – онака како што заслужува секоја европска метропола“, порача градоначалникот.
The post Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави фотографии и видео од неделната генералка во Скопје appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



