Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето на водата во градскиот водовод, која тој лично ја ангажирал, пренесе „Сакам да кажам“.

Тој изјави дека Општината презема мерки за надминување на проблемот поради кој жителите веќе една недела не можат да ја користат водата, која од чешмите тече заматена и со темнокафеава боја, поради што е забранета за пиење и употреба.

Ќура вели дека сите надлежни институции се вклучени и изрази надеж дека за неколку дена ќе се воспостави нормално водоснабдување.

Градоначалникот упати критики до поранешното раководство на Општината и надлежните служби, посочувајќи дека проблемот е резултат на, како што тврди, лошо управување и ненавремено реагирање во минатото.

Пронајдете не на следниве мрежи: