Грам злато денес чини 124 евра

Цената на златото денес се движи околу 124 евра за грам, а унца (31,1 грам) се тргува за 3.861 евро. Станува збор за значително намалување во однос на почетокот на месецот, кога златото се тргуваше и над 140 евра за грам, што укажува на засилена нестабилност на пазарот.

Аналитичарите посочуваат дека падот на цената е поврзан со зајакнувањето на американскиот долар, високите каматни стапки и намалената краткорочна побарувачка за „безбедни инвестиции“.

И покрај тековниот пад, златото и понатаму се смета за сигурно средство за заштита од инфлација и економска неизвесност, особено во услови на глобални тензии.

Пронајдете не на следниве мрежи: