Златото денес се продава за 128 евра за грам или една унца (31,1 грам) се продава за 4007 евра. Според аналитичарите, растот на цената на златото е поттикнат од геополитичките тензии, инфлациските стравувања и засилената побарувачка од централните банки и инвестициските фондови. Инвеститорите сè повеќе го гледаат златото како сигурна заштита во услови на нестабилни финансиски пазари.
Експертите од неколку големи финансиски институции очекуваат трендот на раст да продолжи и во наредниот период. Дел од прогнозите на Волстрит предвидуваат дека цената на златото може дополнително да се искачи над 5.000 долари за унца доколку продолжат глобалните економски и политички ризици.



