Грант од 1,5 милиони евра за развој на туризмот во Дојран

Како што соопшти денес градоначалникот Анго Ангов за проектот “Дојран-туристички бисер на Југоисточна Македонија” со кој аплицираше преку Програмата за подршка на проекти за локална и регионална конкурентност, општина Дојран ќе го добие најголемиот грант меѓу апликантите, вреден 1,5 милиони евра. Програмата на проектите за локална и регионална конкурентност е финансирана од фондовите на ЕУ и Владата на Р. Македонија.
Средствата ќе овозможат најпознатиот јужен туристички локалитет да добие нови содржини кои уште повеќе ќе ги привлекуваат домашните и странските туристи, и ќе дадат придонес Дојран да се промовира во вистински туристички центар. Со проектот се предвидува партерно и хортикултурно уредување на парковите во централниот дел, реконструкција и уредување на летната сцена под јаворите, градење пристапен пат до фронтовата линија од Првата светска војна кој ќе овозможи таа да се стави во функција на туристите, систем за утврдување точен број возила кои влегуваат и излегуваат од Дојран, изработка на видео спотови и промотивна и маркетинг кампања која ќе се спроведува во соседните држави за да привлече повеќе странски туристи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.