Грахам: Во нападите со беспилотни летала убиени 4.700 луѓе

Американски сенатор изјави дека во нападите на американските беспилотни летала на ЦИА, во Пакистан и во други земји се убиени 4.700 луѓе, податок што владата досега не го потврдила, јавуваат американските медиуми.Податокот за стотиците напади на беспилотните летала врз наводните членови на Ал Каеда во Пакистан, Јемен и други земји, е добро чувана државна тајна, а американската влада одбива јавно да говори за поединостите од таа програма.Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам, инаку поборник на овие акции, јавно и можеби ненамерно тој податок го изнел во вторник на еден состанок.„Понекогаш напаѓаме и недолжни луѓе, што не го сакам, но во војната убивме и неколку високи функционери на Ал Каеда“, додава Грахам.Соработниците на сенаторот засега не одговорија на прашањето за изворот на податоците на Грахам, пренесува АФП.
МакфаксАмерикански сенатор изјави дека во нападите на американските беспилотни летала на ЦИА, во Пакистан и во други зе

Пронајдете не на следниве мрежи: