Граѓаните да не се собираат за престојните празници, апелира Комисијата

Од петок, 18 декември до 21 јануари, угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот. Вака препорачува комисијата за заразни болести. Комисијата на денешната седница исто така побара граѓаните да не се собираат за време на празниците на крајот од годината.
„Во овој период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање на плоштадите преку ден и славење на Нова Година, како и секаков вид собири за празниците“, порачаа од Комисијата.
Препораките на Комисијата за инфективни болести беа дадени за да се спречи понатамошно ширење на корона вирусот. Иако угостителите ќе ги заклучат вратите во 18 часот, граѓаните прават планови да се собираат во викендички за време на викендите, а ги поздравуваат новите мерки.
На социјалните мрежи на големо се резервираат одмори во домашните зимски туристички места. Како опција остануваат и прослави во странство.
„Предлагам младите да останат близу до своите семејства во семејни средини дома.
„Со семејството, дома! Како и секогаш, Новата година ја славиме дома, потоа излегувавме надвор, но сега не смееме. И ние имаме угостителски објект, но веќе една година го затворивме“, рекоа граѓаните.
Сѐ уште останува на сила препораката за максималниот број на лица во затворени простории да не биде поголем од 30% од капацитетот на објектот и сите внатре да бидат со маски. Во пресрет на празниците, плоштадите навечер се преполни. Центарот на Скопје за викенд беше преполн, како и баровите, кафулињата и рестораните.
„Останува во сила и забраната за групирање надвор на јавни простори на не повеќе од четири лица. Апелираме до единиците на локалната самоуправа да ги зајакнат инспекциите со цел да се почитуваат мерките“, наведуваат од Министерството за здравство.
Според властите, Комисијата ќе достави препораки за групирање во станови за време на празниците, соодветно ќе даде појаснувања за да се почитуваат препораките за групирање во домовите. Владата на следната седница се очекува да донесе одлука за овие предлози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.