Грејм го возврати ударот на тие што се подбиваат со нејзината тежина

Топ моделот Ешли Грејм, позната како една од „полничките манекенки“, жестоко го возврати ударот кога почнаа да се подбиваат со нејзината тежина. Откако следач на Инстаграм ја нарече „дебела и вештачка манекенка“, таа одлучи да објави серија видео коментари, со кои ги посочува своите аргументи и објаснува зошто надворешниот изглед не е најважен.

Меѓу другото, таа објави и неколку фото-колажи со коишто сакаше да се спореди со послабите манекенки.

– Малку е грозно ова што објавувам „глупави“ колажи за „вистинските“ и „дебелите“ манекенк, но тежината, бојата на кожа и косата, верата, ништо од ова не одредува дали си вистинска или вештачка, напиша Ешли во еден од коментарите.

Натаму, таа ги советува младите девојки „да ги следат своите сништа и надежи“, и да не обрнуваат внимание на „инстаграм губитниците“ кои не успеале во тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.