Груевски: Враќањето на Ќосето е исправка на штетна одлука која беше направена непромислено!

Ја поздравувам вчерашната одлука на советот на град Скопје, иницијативата на градоначалникот и подршката на советничките групи кои со гласањетото ја подржаа иницијативата, и овозможија повторно поставување на непромислено, незрело, штетно, од дневно политички побуди и непознавање на историјата, одстранување на спомен обележјето на војводата Андон Јанев Лазов -Ќосето (1855-1953).

Очигледно со фактот што остранувањето беше направено кришум во ноќта, на сторителот му беше јасно дека станува збор за чин кој ќе предизвика бурни реакции кај голем број граѓани, како и што беше откога се дозна што се случило.
Во исчекување на скорешно физичко поставување на споменикот на утврдената локација спроти хотелот Континентал во Скопје, повикувам и потсетувам дека оној момент кога ќе се создадат услови општината Центар да дозволи враќање на спомен обележјето на првобитната локација кај комплексот судови, тоа треба да се направи.

Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија
 Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија. Клипови од првите проби може да се видат ексклузивно на официјалниот евровизиски профил на ТикТок, а фотографии на официјалната веб-страница на …
ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ПАТНИК ОД ХОЛАНДИЈА ЈА СОКРИЛ ДРОГАТА: Внимание привлекла играчката на задното седиште (ФОТО)
На 27 април годинава, на граничниот премин Градина, царинските службеници во соработка со полицијата спречија необичен обид за криумчарење , при што одземаа речиси еден килограм осомничена синтетичка дрога метамфетамин, која патник ја …

Андон Јанев Лазов – Ќосето во неговата прва фаза од револуционерното делување е најпознатиот извршител на судските одлуки на раководството на МРО (подоцна ВМРО), одлуки кои ги носеле Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Гоце Делчев и другите најавторитетни првенци на Органзиацијата, а кои главно се однесувале на предавници, шпиони, гркомани, србомани, бегови и преставници на османлиската империја кои правеле големи зулуми на населението и други структури кои го попречување делото за ослободување на Македонија.

При тоа во едни мошне сложени услови Ќосето над стотина пати го ставил на огромен ризик сопствениот живот, заради што бил високо почитуван и низ годините прераснал во мит. Уживал огромна доверба и бил многу близок до највисоките и најавторитетни раководители на МРО како Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Татарчев, Јане Сандански, Борис Сарафов и др., а од друга страна бил страв и трепет за оние кои помислувале да направат злодело на Организацијата или народот.

Тој бил до толку праведлив, што не се повлекол и самиот предложил и ја извршил смрттната казна врз сопствениот брат, кога тој направил престап соодветен за таков вид казна според актите на Органзиацијата.

На сите им било јасно, дека донесените пресудите на Организациајта согласно нејзиниот статут, би биле безначајни, а нивната борба во рој период далеку помалку успешна доколку не биле извршувани одлуките и пресудите. Тој учествувал и во аферата Мис Стоун и бил задолжен за ослободување на заложниците што од неговите спомени можеме да видиме дека било исклучително сложена и високо ризична задача. Активен учесник е и во илинденското востание.
Секое потценување на улогата на Ќосето, или секое негово омаловажување или нарекување “убиец” и слично, е историски неисправно и укажува на непознавање на историјата и револуционерната борба.

Ниту Ќосето, ниту комитите и партизаните од втората светска војна може да се категоризираат како “убијци” како што тоа го правеа некои поединци од власта со цел да создадат армосфера за остранување на неговото спомен обележје, но и заради непознавање на историјата и револуционерното дело.

Ниту пак Гоце Делчев, Дамјан Груев, Х.Татарчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, раководството на МРО, македонските војводи кои носеле одлуки, или Михајло Апостолски и генералштабот на партизаните во втората светска војна кој исто така носеле одлуки и издавале наредби за вооружени напади заради ослободување од окупаторот може да се квалификуваат како “нарачатели на убиства”. Затоа што станува збор за борба за ослободување и независност со револуционерни методи, во ситуација кога непостои друг начин да се реализира целта.

Во својата втора фаза, Ќосето е војвода со своја чета која крстосува низ Македонија, и во тој период тој учествува и во носење на судски одлуки на Организацијата во рамките на четата (види фотографија од таков настан подолу), кои доколку се смртни пресуди, согласно статутот требало подоцна да бидат одобрени од ЦК на Органзацијата.
Одтука, симболиката на поставување на неговиот споменик пред Основниот, Апелациониот и Врховниот суд воопшто не била
случајна и има своја симболика и историска подлога.

Од поставените спомен обележја, после ова враќање на спомен обележјето на Андон Јанев Лазов Ќосето ќе остане уште враќањето на спомен обележјето на Борис Сарафов кој е времено остранет заради ослободување пат за транспортните возила при изградба на објектот на Народната Банка кој веќе осум години не е завршен.

Во минатоте речиси 7 години сведоци сме н целосна негрижа за истоеиските споменици и спомен обележја. Апелирам до властите на сите нивоа да водат грижа за спомен обележјата на историските личности, и нивно редовно одржување, бидејќи односот кон историскито наследство е однос и почит кој себе, своето минато и својот град и заедница. Тој кој не се почитува себе, својата нација и историја, не заслужува да има држава.

Секоја земја ги слави своите херои. Тоа се основа за создавање нови херои во иднината.
Ќе завршам со една историска реминисценција поврзана со Ќосето, пет години пред неговата смрт кога по повлекувањето во 1905 година живее во пиринскиот дел на Македонија, во Бугарија. На 23-24 мај 1948 година во Скопје се одржал вториот Конгрес на Народниот фронт на Македонија на кој говор одржал и Претседателот на НР Македонија, Лазар Колишевски во кој го афирмирал Договорот од Блед како договор од големо значење за Македонскиот народ и во НР Македонија и во Пиринска
Македонија. Колишевски во тој говор ги истакнал придобивките за Македонскиот народ од културната автономија и постигнатите успеси во тој поглед истакнувајќи: „Сите овие успеси што се постигнати во Пиринска Македонија во градењето и развојот на националната култура, како и во проучувањето на литературниот Македонски јазик, зборуваат сами за себе колку е голема, големата жед на нашиот народ во Пиринска Македонија да го совлада своето книжевно творештво во најкус можен рок. Делот од говорот на Колишевски во врска со обединувањето на Пиринска Македонија со Народна Република Македонија предизвикал позитивни емоции и чувства кај многу Македонци во Пиринскиот регион и во Бугарија воопшто , вклучително и Андон Ќосето.

Па така околу еден месец по говорот на Колишевски на 9 јуни 1948 година, Андон Ќосето испратил поздравна телеграма до Лазар Колишевски.

Во него, Ќосето вели:
„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив. Андон Ќосето“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.