Груевски: Го разбирам гневот на граѓаните на Кичево, тоа е и мој гнев

Го разбирам гневот на граѓаните на Кичево, тоа е и мој гнев, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со кандидатот за градоначалник на Кичево, Благоја Деспотовски кој беше заеднички кандидат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и со пратеникот Антонио Милошоски.„Јас не бегам од народот, од луѓето, јас дојдов тука во Кичево, за разлика од некои кои ги немаше ни претходно, ни сега и за разлика од некои коишто сакаат да создадат раздор да политизираат. Јас сум тука и ќе доаѓам повторно тука. Како влада и понатаму ќе продолжиме да работиме за Кичево, ќе правиме се што можеме да им помогнеме на луѓето тука. Ќе ги зголемиме нашите напори да има повеќе работни места, да има градба на повеќе патишта, да има инвестиции во Кичево со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат, да добијат поквалитетен живот. Ние остануваме зад Кичево, да се бориме за Кичево,да се развива Кичево, да оди напред. Тоа што е до нас, ќе го направиме, како што го направивме на овие избори, кога излегоа 99 отсто од луѓето кои го поддржуваа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние остануваме зад Кичево, Кичево е Република Македонија и ќе остане Република Македонија“ изјави Груевски во Кичево.За време на посетата на партискиот огранок во Кичево, дел од стотиците граѓани кои беа собрани пред просториите на ВМРО-ДПМНЕ викаа „уа“, а истовремено дел од граѓаните му искажаа поддршка на Груевски.
МакфаксГо разбирам гневот на граѓаните на Кичево, тоа е и мој гнев, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со кан

Пронајдете не на следниве мрежи: