РАБОТИТЕ ИЗЛЕГОА ОД КОНТРОЛА | ГРУЕВСКИ ГО СПУКА МИЦКОСКИ! Да одговори на овие две прашања, ама без вртење!

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговори на обвинувањата на Христијан Мицкоски дадени во интервју за германскиот медиум ФАЦ.

ГРУЕВСКИ ГО СПУКА МИЦКОСКИ! Да одговори на овие две прашања, ама без вртење!

Во продолжение, објавата на Груевски на Фејсбук:

– Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:

  1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
  2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка. – напиша Груевски на Фејсбук.

Претходно Мицкоски обвини дека Груевски имал „валкан дил” со Владата за поделна на ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.