Груевски по повод годишнината од загинувањето на Даме Груев

ДАМЈАН ГРУЕВ 1903 ГОД.: “…НАМ, НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ…ДА СЕ ЗАПРАТ ДЕНЕШНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛСТВА МЕЃУ СРПСКИТЕ, БУГАРСКИТЕ И МАКЕДОНСКИТЕ ЧЕТИ”

(In Memoriam)

Во спомен на годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер, основач и секретар на МРО (подоцна ВМРО) – Дамјан Груев (1871-1906) еден извадок од негово писмо до српскиот дипломат Света Симиќ во 1903 година.

Седуммина загинати и 40 повредени при напад со украински дрон во Белгород
Најмалку седум лица загинаа, а 40 други се повредени во напад со украинско беспилотно летало во руската погранична област Белгород, соопштија денеска локалните власти.„Во моментов има информации за седум …
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За …

„Ако има некој во Бугарија кој сонува за проширување за сметка на Македонија, тоа може да биде само кнезот Фердинант. Затоа нам, на македонските револуционери, не ни се потребни никакви граници од страна на Бугарите, но ниту, пак, ни се потребни такви од страна на Србите. Да се постигне вашата спогодба со Бугарите, а да се прекине секоја натамошна националистичка пропаганда и да се запрат денешните непријателства меѓу српските, бугарските и македонските чети”.

Света Симиќ (1865-1911)кој еден период бил и државен секретар, важел за главен експерт за македонското прашање во Министерството за надворешни работи на кралството Србија. Подоцна бил и вршител на должноста шеф на пропагандата во МНР и сметал дека во случај на востание во Македонија треба да биде на страната на востаниците, па затоа одржувал врски со идните водачи на востаниците, меѓу кои се допишувал и со Борис Сарафов и Дамјан Груев. Симиќ секако работел за интересите на неговата земја и бил еден од најзаслужните државни службеници за помагање и организирање на српското четничко движење во Македонија во тоа време, во јули 1904 година станал дипломатски агент во Софија, а по добивањето независност, од 1908 год. станал и амбасадор на Србија во Софија.

Уште една кореспонденција на Света Симиќ поврзана за Даме Груев датира од 1905 година кога Симиќ бил српски дипломат во Софија и му пишува на началникот на конзуларното одделение на МНР на Кралството Србија Јован Јовановиќ-Пижон а настанот е по склучувањето на царинскиот сојуз меѓу Србија и Бугарија склучен во тој период:

“Кај мене пак дојде Д. Груев минатата сабота. Случајно се најде кај мене и Д. Христов, та поминавме во дискусија повеќе од три часа. Македонците се уплашиле ние и Бугарите да не сме се договориле да ги делиме, та затоа само тие ваму се муртат на Царинскиот сојуз”.

ДАРМ, мф 737, ДА ССИП; ПП, 1905 бр.146: Зборник: Даме Груев, 1981:66,67,69

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.