Групирање на табови пристигнува во Firefox

Една од најзначајните карактеристики што ги нудат прелистувачите како Chrome за корисниците кои често отвораат бројни „табови“ е опцијата за нивно групирање. Со помош на групирањето на табовите, корисниците добиваат подобра прегледност, овозможувајќи им лесно да ги откријат и отворат оние кои им се потребни во тој момент. Оваа можност е особено корисна за оние кои често отвораат по 20 или повеќе табови.
Почнувајќи минатата година, Firefox конечно ја воведе оваа функција, наречена едноставно Tab groups. Методот на групирање на табовите се базира на повлекување на еден таб врз друг, што води до создавање нова група. Како и кај останатите прелистувачи, корисниците можат да доделат име на групите и да изберат различни бои. При притискање на името на групата, табовите се „сокриваат“, со што значително се намалува хаосот од бројните отворени табови. Ако групирањето и именувањето се правилно направени, секогаш лесно и брзо ќе се стигне до посакуваниот таб.
Од Mozilla нагласуваат дека оваа опција е една од најпопуларните на нивната платформа Mozilla Connect, и од самиот момент на нејзино претставување, корисниците често ја барале. Во идните надградби се планира да се додаде „интелигентен“ елемент, кој ќе предложува кои табови треба да се групираат и предлагања за нивно именување, што ќе се постигне со помош на вештачката интелигенција.
The post Групирање на табови пристигнува во Firefox appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: