Грција воведува доброволна воена служба за жени од 2026 година

Грција ќе воведе доброволно регрутирање на жени во своите вооружени сили од 2026 година, а за таа цел ќе се создаде нова единица, објави грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас, цитиран од онлајн изданието на весникот „Катимерини“, објави БТА.

„Следната година започнуваме со доброволно регрутирање на жени во вооружените сили. Ќе формираме единица од 100 до 150 волонтери за дополнително зајакнување на врската меѓу жените и нашите вооружени сили“, рече Дендиас синоќа, истакнувајќи дека жените во моментов сочинуваат околу 17 проценти од грчките вооружени сили.

„Треба да направиме уште еден чекор напред – да создадеме потребна инфраструктура, како и начин на размислување и култура, за да можат жените, доколку некогаш бидат потребни, да служат заедно со мажите во грчките вооружени сили“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: