Грција воведува 13-часовно работно време – прва земја во ЕУ со ваков закон

Грција ќе стане првата земја во Европската Унија што официјално ќе воведе 13-часовно работно време во приватниот сектор, пренесува Политико.Контроверзниот закон, кој се очекува лесно да биде усвоен со гласовите на владејачката Нова демократија, предвидува шестдневна работна недела и можност за подолги смени во индустријата, трговијата, земјоделството и услужните дејности.И покрај силниот отпор на синдикатите и опозицијата, Владата тврди дека мерката е неопходна поради стареењето на населението и недостигот од квалификувана работна сила. Според новите правила, платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти.Законот предизвика масовни протести во повеќе градови, при што синдикатите побараа враќање на 13-та и 14-та плата укинати за време на економската криза.

Пронајдете не на следниве мрежи: