Грчева: Ќе ме утепаа што не гласав за Ката Прасиќи, а сега им е “ин“ да плукаат по неа

Солза Грчева, поранешна пратеничка и актуелна претседателка на Глас за Македонија потсети на нападите кои ги добиваше затоа што се спротистави Катица Јанева да биде претседател на Специјалното јавно обвинителство. На својот Фејсбук профил таа напиша:
-Сега им е “ин“ да пукаат во Ката Национале. А тогаш, само што не ме утепаа што сум зборувала на говорница против неа. На 3 телевизии ме викаа „да се правдам“ зошто не сум ја гласала само јас. Еден адвокат, кој сега гласно вреска, само што не ме натепа во студиото на ТВ“21“. Не бираше зборови со навреди дека “сум била на страна на криминалот“ поради мојот напад на Ката Прасиќи.
Така ќе биде и со нивниот Зоки, за кој и во самопослуга не можев да изезам без да чујам навреди дека сум ги напуштила. И уште трае таа глупост.
Ајде сега убаво сите до еден да ми се извинат. Има во државава и луѓе со мозок, а не со тиква наместо глава.
И да повторам, криминалот, од кој и да е, мора да се казни. Најсурово, а парите назад во буџет, напиша  на Фејсбук Грчева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.