Гумен чамец со мигранти потона во близина на Турција, се удавија 22 лица, меѓу кои и деца

Најмалку 22 лица, меѓу кои седум деца, се удавија откако гумен чамец со мигранти се преврте во близина на северозападната турска провинција Чанаккале, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат.

Две лица биле спасени од крајбрежната стража, а две преживеале со сопствени напори по превртувањето на чамецот.

Во потрагата и спасувањето учествуваа авион, два хеликоптери и 18 пловни објекти на крајбрежната стража и други спасувачки агенции, заедно со 502 спасувачи.

Пронајдете не на следниве мрежи: