четврток, 26 ноември 2026
Најново

„Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на Лукоил

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија „Лукоил“.

Министерството за финансии на САД претходно соопшти дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно зборувал за потребата од што е можно поскоро завршување на украинскиот конфликт, а бидејќи тоа не се случило, „Гунвор“ нема да добие лиценца.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Министерството тврди дека „Гунвор“ е под руска контрола.

„Изјавата на Министерството за финансии на САД за „Гунвор“ е фундаментално неточна… Во исто време, „Гунвор“ го повлекува својот предлог за купување на странските средства на „Лукоил“, се вели во соопштението на компанијата. Руската компанија, на која САД воведоа санкции, претходно соопшти дека добила понуда од групацијата „Гунвор“ за купување на „Лукоил Интернешнл“.

Поврзани вести