Гурбетчија во Швајцарција со „БМВ“ прегазил дете во Гостивар

Дете вчера е прегазено од возач на „БМВ“ со швајцарски таблички во Гостивар, соопшти МВР. Според полицијата, детето има тешки повреди.

„На 17.07.2025 во 21:34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а тие биле констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од екипа од ОВР Гостивар“, пишува во полициското соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: