Густата магла го парализираше сообраќајот. Сообраќајна несреќа вечерва се случи на автопатот близу патарината Петровец. Нема информации за повредени, но кај возилата има материјална штета.
Една од сообраќајните ленти е затворена од страна на полицијата поради увид. Од спротивната страна паркирани се неколку возила.
Официјално од ЦУК само кусо велат дека во Петровец има судар на два автомобила, каде екипата од СВР Скопје врши увид на местото на несреќата, а поради сударот има застој на сообраќајот.
Од АМСМ предупредуваат на голема претпазливост на сите патни правци, бидејќи маглата е густа, а видливоста намалена. Скопскиот аеродром речиси нефункционален – дел од летовите се одложени, дел пренасочени.



