Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот влегува во „ера на хаос“ и оти се потребни важни реформи, изразувајќи жалење за поделбите што го парализираат Советот за безбедност на ОН.
Презентирајќи ги приоритетите за 2024 година пред Генералното собрание на ОН, Гутереш рече дека владите „ги игнорираат и ги поткопуваат самите принципи на мултилатерализмот, без одговорност“.
- Вашингтон барал од Маск да го вклучува и исклучува „Старлинк“ според американските интересиАдминистрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп повеќепати барале од компанијата „Спејсекс“ да… Read more: Вашингтон барал од Маск да го вклучува и исклучува „Старлинк“ според американските интереси
- Мерц повика на единство на владејачката коалиција поради заканите по безбедноста на ГерманијаГерманскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на единство во рамките на владејачката коалиција,… Read more: Мерц повика на единство на владејачката коалиција поради заканите по безбедноста на Германија
- ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО ИРАН УШТЕ УТРЕ: Размислуваме за напад, можеби ќе биде утре!Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново предупредување до Иран, изјавувајќи дека Соединетите… Read more: ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО ИРАН УШТЕ УТРЕ: Размислуваме за напад, можеби ќе биде утре!
- Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со мала предност, Лула останува во тркатаБразил во недела, на 25 октомври, избира претседател во вториот круг меѓу актуелниот… Read more: Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со мала предност, Лула останува во трката
- Што наследивте од мајка ви, а што од татко ви: Кој е „виновен“ за вишокот килограми, кој за интелигенцијатаГенетиката може да каже многу за тоа каков вид наследство носиме од нашите… Read more: Што наследивте од мајка ви, а што од татко ви: Кој е „виновен“ за вишокот килограми, кој за интелигенцијата
– Советот за безбедност, главниот инструмент на светскиот мир, е блокиран поради геополитички пукнатини. Ова не е првпат Советот за безбедност на ОН да биде поделен. Но овој пат е најтешко. Сегашната нефункционалност е подлабока и поопасна, рече Гутереш.
Тој изјави дека механизмите воспоставени за време на Студената војна придонеле за управување со односите на суперсилите, но дека тие не постојат во денешниот мултиполарен свет „кој влегува во ера на хаос“.
Советот за безбедност не можеше да реагира на рускиот напад врз Украина поради руското вето, а сега не може да заземе единствен став за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, бидејќи САД го блокираат секој повик за прекин на огнот.
Гутереш предупреди на можен израелски копнен напад врз Рафа, на границата на Појасот Газа и Египет, каде што се наоѓаат стотици илјади раселени Палестинци.
– Таквата акција значително би ја влошила ситуацијата, која веќе е хуманитарен кошмар, со непроценливи регионални последици, рече Гутереш, уште еднаш повикувајќи на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и ослободување на заложниците.
Пронајдете не на следниве мрежи:



