Водата за пиење во Скопје е безбедна и со добар квалитет, потврдува неделниот лабораториски извештај на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.Според анализите спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 14 до 18 јули, сите примероци се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.Во наведениот период, од 48 различни мерни точки низ градот се земени 212 примероци за физичко-хемиска анализа и 212 примероци за микробиолошка анализа.Резултатите покажуваат дека ниеден примерок не отстапува од утврдените норми, што значи дека жителите на Скопјани можат безгрижно да користат вода од градскиот водовод.
Пронајдете не на следниве мрежи:



