Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, денес на Минхенската безбедносна конференција повика на формирање армија на Европската унија.
Зборувајќи за време на панел-дискусија за популизам заедно со чешкиот претседател Петр Павел и американската конгресменка Александра Окасио-Кортез, Вебер рече дека армијата на ЕУ ќе ги направи одбранбените трошоци на европскиот блок поефикасни, иако додаде дека знае дека тоа е долг проект, објави бриселскиот портал Политико.
– Мораме да бидеме амбициозни – рече Вебер.
Вебер во последните недели изнесе низа значајни предлози за да ѝ се даде на ЕУ поголема моќ на меѓународната сцена, вклучувајќи ја и идејата војниците да дејствуваат под „европско знаме“ во Украина, предлог на кој германскиот канцелар Фридрих Мерц реагираше со ладен тон, објави порталот.
Зборувајќи за практичното искуство на десничарските партии во спротивставувањето на крајната десница во Европа, посебно споменувајќи го полскиот премиер Доналд Туск и неговата победа во 2024 година, тој рече дека Европската народна партија не е подготвена да соработува со „партии кои не ги следат трите „за“: проевропски, проукраински и провладеење на правото“, објавува „Гардијан“.
Вебер ја наведе одлуката на ЕПП да го исклучи унгарскиот премиер Виктор Орбан од групата како доказ за таа посветеност.
Вебер, сепак, призна дека е јасно оти начинот да се одговори на популизмот и растечкото незадоволство на гласачите е „да се даде вистински одговор на нивните загрижености и да се сфатат сериозно“, додека ги критикуваше социјалистите во Европскиот парламент за тоа што не ги поддржуваат плановите на ЕУ за миграцијата.
The post Дали Европската Унија формира своја армија? Барањето е поднесено, се чека одговор appeared first on Во Центар.



