Дали е штетно да се лиже алуминиумскиот капак на овошниот јогурт

Имате обичај да го излижете алуминиумскиот капак од овошниот јогурт кога ќе го отворите? Сигурно многумина од вас ќе се пронајдат во оваа активност! Ако не можете да одолеете на ова искушение, имаме одлични вести за вас! Според д-р Мајкл Деспегел, оваа навика воопшто не е штетна.
„Овој капак на овошните јогурти најчесто е направен од алуминиум. Во последно време сè почесто се предупредува на штетата што можат да ја направат алуминиумските материјали.

Тие се поврзуваат со оштетување на крвните садови и коските, со појава на рак како и со негативно влијание на плодноста доколку се консумираат во поголема количина преку храната. Меѓутоа внатрешната страна на капачињата за овошните јогурти е заштитена со еден вид пластичен додаток што спречува алуминиумот да прејде во човечкото тело“, објаснува д-р Деспегел.
Иако без сомнение треба да ги избегнувате алуминиумските материјали во кујната, кога станува збор за ова слатко задоволство вие сте целосно безбедни. Па, продолжете да уживате во оваа навика, а во меѓувреме – исфрлете го целиот останат алуминиум од вашата кујна за да го заштитите вашето здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.