Дали е штетно, кои се последиците и како да се справите со потењето под градите?

Потењето може да биде навистина неудобно, особено во пределот под грдите. Покрај тоа што овде кожата се преклопува, ова е местото каде што сте стегнати од градникот, па „вентилацијата“ е послаба.
Уште полошо е што кога ќе се испотите под градите, на вашата облека почнуваат да се познаваат и дамки.
Ова е проблем со којшто се соочуваат многу жени, особено оние со поголеми гради.
Доколку и вие го имате овој проблем, погледнете кои можат да бидат причините за тоа, но и како да се справите:


Дали е штетно ако кожата под градите е постојано влажна?
Одговорот е да, и тоа поради две причини. Како прво, природната заштита на кожата слабее, а со тоа станува поподложна на разни болести. Како второ, влажната и топла околина е совршено опкружување за развој на габи.
Дали потењето може да предизвика акни и мозолчиња?
Понекогаш мозолчињата можат да бидат знак за габична инфекција. Исто така, поради постојаното потење можат да се воспалат фоликулите во кожата, па да настанат акни и мозолчиња под и помеѓу градите.
Доколку не сте сигурни, најдобро е да се консултирате со дерматолог.
Која е најдобрата нега за кожата под градите ако постојано се потите?
Дури и ако чувствувате силна потреба темелно да го чистите овој дел од телото, тоа не е секогаш најдобрата идеја.


Користењето премногу гелови за туширање може дополнително да ја оштети природната заштита на кожата.
Подобро е да користите понежни средства за туширање, а најдобриот избор секогаш e чистата вода. Исто така водата не треба да биде премногу студена или топла.
Што помага при непријатните мириси?
Мирисот не потекнува од потта, туку од бактериите кои се наоѓаат во тој дел. Во овој случај, можете да ја исчистите кожата со антибактериско средство кое можете да го најдете во аптека.
Што можете да направите ако кожата е оштетена?
Раните нa кожата настануваат поради триење, па треба да го избегнувате. Носете широка и прозрачна облека, а можете да ставите и памук помеѓу или под градите.
Можете да нанесете и лосион што ќе го поттикне заздравувањето на кожата. Истовремено одберете градник од природен материјал и избегнувајте ги моделите со жица.
Може ли да користите пудра за да го спречите настанување на рани?
Дефинитивно! Пудрата ја одржува кожата сува, така што помалку ќе се потите и ќе има помалку триење. Доколку не сакате да нанесувате бебешка пудра меѓу градите, можете да нанесете и течна пудра.
Каква е ситуацијата со дезодорансите?
Дезодорансите кои содржат алуминиумски соли го спречуваат потењето и можат да ви помогнат. Но засега, овие дезодоранси се критикувани од медицинските лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.