Дали знаете колку се здрави пуканките?

Иако пуканките ни се омилени „грицки“ во кино, сепак имаат лоша репутација како нездрава храна. Но, дали е тоа вистина?
Истражување спроведено на Универзитетот Скрентон покажа дека ако пуканките се подготват на здрав начин, имаат двојно повеќе антиоксиданси отколку што има во јаболкото или грозјето.
Пуканките се полнозрнеста храна, особено се здрави ако ги подготвите во сосем малку масло за готвење и без путер.
Нека не ви сметаат ни лушпите кои ќе се заглавуваат меѓу забите, тие содржат влакна корисни за добрата работа на дигестивниот систем.
„Кога ќе се подготват на здрав начин, пуканките се всушност добра ужина. Не се скапи и имаат одличен вкус“, вели Маја Вадивело, професор и нутриционист од Универзитетот во Роуд Ајланд.
Таа додава дека пуканките подготвени во кино и пуканките подготвени дома се различни, односно првите имаат повеќе калории и многу повеќе сол, пренесе Heart.org.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.