Дали знаете што значи симболот со ТРИАГОЛНИК на облеката кој се појавува во три варијанти?

Дали знаете што значат симболите на етикетите на облеката? Тие можат да бидат прилично збунувачки, па вадењето на вашата омилена облека од машината за перење може да стане непријатно искуство.

Веројатно барем еднаш ви се случило маичката да излезе од машината за перење збрчкана, оштетена или растегната, понекогаш дури и со чудна боја.
Кога ќе се најдеме во таква ситуација, посакуваме подобро да сме ги проучеле упатствата на облеката за да не стане уште еден пар пижами.

Просечната етикета содржи неколку симболи, како што е оној за миење на рака што доаѓа во форма на сад и рака.
Има и сад со точки, кој кажува дали треба да користиме ладна (една точка), млака (две точки) или топла (три точки) вода.

Вкрстен сад значи дека воопшто не треба да го миете предметот, најдобро би било да го однесете на хемиско чистење кога ќе се извалка. Познат ни е и симболот во облик на пегла што покажува дали облеката може да издржи таков третман и оние кои кажуваат дали и на кој начин можеме да ја исушиме облеката.
Меѓу добро познатите симболи, на некои алишта може да се забележи триаголник во различни форми. Овој симбол се однесува на белење на облеката, а во продолжение прочитајте што значат неговите варијанти.

– Празен триаголник вели дека можете да користите секаков вид белило на таа облека.
– Триаголник исполнет со дијагонални линии значи дека можете да користите само белило без хлор.
– Пополнет и вкрстен триаголник ни кажува дека не смееме да користиме белило на тоа парче облека за да не го уништиме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.