Дали контрацептивните таблети предизвикуваат дијабетес тип 2?

Француски научници го следеле здравјето на 86.000 жени цели 22 години и дошле до заклучок дека жените кои пиеле контрацептивни таблети барем еднаш во животот, имаат двојно поголем ризик да заболат од дијабетес тип 2.
Гинеколог од Србија вели дека е во прашање една ограничена студија во Франција и наведува дека постои голем процент на полицистични јајници токму во таа земја, многу поголем отколку во другите земји.
„Важно е дека тука жените биле изложени на сосема исти услови, бидејќи тие не пиеле само контрацептивни таблети сите тие години, можеби половина од нив имаат полицистични јајници, кои имаат 100% отпорност на инсулин“, рекол гинекологот.


Тегобите се индивидуални и релативно ретки, а една од најтешките компликации кои се поврзуваат со земање контрацептивни таблети е настанување на венска тромбоза.
„Кога ќе го прочитате упатството на лекот, ќе видите дека таблетите биле поврзувани со тромбоза. Секогаш може да постои некој раст кој може да заклучи нешто, но за тоа да влезе во медицинските правила потребно е многу време и сериозни студии на големи научни центри“, истакнала докторката.
Таа додала дека никако не можеме да ги поврзуваме контрацептивните таблети со дијабетес, бидејќи контрацепцијата која е застапена во нашиот регион се всушност хормони кои имаат сосема поинаков метаболизам, надвор од метаболизмот на инсулинот и глукозата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.