Дали можеме да примиме вакцина против грип ако имаме настинка?

Сезоната на грип се приближува и се претпоставува дека оваа година, повеќе од кога било, луѓето ќе сакаат да примат вакцина против оваа вирусна болест. Сепак, многумина кои не се запознаени со вакцината против грип се прашуваат дали можат да ја добијат ако настинат.

Ако се вакцинирате против грип за прв пат оваа година, тогаш веројатно се прашувате дали можете да ја земете дозата ако сте настинати. 

Експертите велат дека е важно да се прави разлика помеѓу лесни и тешки болести, односно симптоми што ги имате.

– Ако сте болни и имате висока температура, најдобро е да го одложите примањето вакцина против грип додека не се опоравите. Не мора да ја одложувате вакцината против грип ако имате лесна болест, без висока температура, како што е настинка. Кога станува збор за деца, вакцинацијата може да се одложи доколку детето има многу затнат нос или течење на носот, бидејќи оваа состојба може да спречи вакцината да влезе во нивниот систем – објаснуваат експерти од Државната здравствена служба на Велика Британија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.