Дали навистина не е добро да спиете со мокра коса?

Многу добро ја знаеме реченицата „Не заспивај со мокра коса“ која нашите мајки постојано ни ја кажувале. Но, дали оваа реченица е вистинита или едноставно мит и стравување на нашите мајки?
Колку навистина е штетно по здравјето заспивањето со мокра коса? Дали може да настинете или да ви се случи и нешто полошо?
На интернет можете да најдете безброј текстови кои се однесуваат токму на оваа тематика, но во главно сите се сведуваат на една работа.
Причина за појава на настинка се бактериите и вирусите, па за да настинете потребно е да биде изложени токму на нив.


Кога легнувате со мокра коса, телесната температура малку ви се снижува, а и добивате мокра перница која е плодно место за развој на габички.
Со текот на времето можете да добиете некоја габична инфекција која може да го намали вашиот имунитет и да дојде до појава и на други болести, но во истиот момент сигурно нема да се разболете токму од мократа коса.
Од друга страна пак, ако добро размислите на естетските причини зошто не треба да спиете со мокра коса, ќе сфатите дека на тој начин можете да ја прекршите и оштетите косата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.