Дали некој ќе сноси одговорност за организираната вчерашна забава во ТЦ Бисер?

На социјалните мрежи се појави видео од забава во кафулиња од Трговскиот центар Бисер во Скопје, на која присуствуваат млади луѓе кои не ги почитуваат мерките за заштита од ширење на коронавирусот, па дури и пушат од исто наргиле.

Нешто слична беше ситуацијата на почетокот на пандемијата, кога Владата ја прекина учебната година, па најмладите се префрлија по кафулињата и дискотеките, искористувајќи го тој момент на слобода.

Инаку, дел од средношколците вчера беа прилично гласни во своите барања и порачаа дека се против онлајн настава.

https://www.facebook.com/1309721200/videos/10218497241044849/?extid=ZTCqeiJ82hpHXPu3

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.