Дали рачната кочница заминува во историјата?

Многу премиум автомобилски брендови целосно го напуштија класичниот тип на рачна кочница и се префрлија на електронска, иако некои сè уште ја користат таканаречената ножна паркинг кочница.
Производителите како Audi, Jaguar, Land Rover, Lexus, Mercedes и Porsche немаат ниту еден модел на продажба со традиционална „рачна“.
„Сведоци сме на ‘изумирање’ на механичката рачна сопирачка, бидејќи автомобилските компании сѐ повеќе се одлучуваат за електронската“, вели Крис Непман од CarGurus.
„Во следните неколку години очекуваме дополнително намалување на бројот на автомобили кои нудат традиционална рачна кочница, така што ќе биде достапна само во одредени специфични модели.“
Многу млади возачи веројатно воопшто нема да можат да се запознаат со една од најпрепознатливите содржини во еден автомобил. Од друга страна, ќе им оневозможи на младите возачи да ги изведуваат акробациите со вртење на автомобилот „под рачна“.
Кај електричната рачна сопирачка нема сајла што може да се олабави или „растегне“, а механизмот користи електричен мотор, кој ја активира сопирачката кога моторот е исклучен или, на пример, на угорница, кога се активира асистенцијата, која најчесто се вика hill-rider.
Таквата функција ви овозможува да одите по угорница/удолница без тресење, што стана знак за препознавање на помалку вештите возачи.
Секако, речиси е непотребно да се спомене дека помалку вештите возачи при движење по угорница многу често ги оштетуваат другите елементи во возилото, особено ламелата на квачилото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.