Дали секој од нас е способен да се вљуби?

Дали ви е познато чувството на треперење во желудникот, потење на дланките, кога постојано се смешкате и посакувате да го видите него? Сепак, постојат луѓе на кои воопшто не им е познато или кои го доживеале само еднаш и никогаш повеќе…
Исто како и љубовта, заљубеноста е комплексен феномен, а во расветлување на специфичните случаи ни помогна психотерапевтката Гордана Никиќ.
Случај 1 Што ако никогаш не се вљубам?
„Имам 35 години и никогаш не сум била вљубена. Околу мене секогаш се моткаа момчиња, но ги избирав партнерите според принципот ’сега би можела некому да му дадам шанса, малку да се забавувам и јас’. Се разбира, тој некој мораше да ми биде интересен и привлечен.


Имав неколку врски пред бракот, но на секоја ѝ недостигаше искрата што се претвора во пламен, ми недостигаше чувството кога не можете да дочекате да го видите и да го прегрнете саканиот. Знам дека љубовта е таква, затоа што таквите симптоми ги забележував кај моите другарки, кои главно ги губеа главите по момчиња што не умееја да ги ценат.
Се омажив на 26 години, а се одлучив на тој чекор поради желбата да основам семејство. Некако ми беше логично – завршив факултет, имав среќа брзо и лесно да најдам работа, па на ред беше и бракот. Сопругот го избрав врз основа на истиот принцип како и претходните момчиња. Интересен и упорен. На крајот го засакав.
Сепак, тоа беше љубов што се темелеше на длабока почит и очигледно ни недостигаше уште нешто за да ни успее бракот. По осум години, ме остави. Едноставно, најде друга жена. Чесно. Го разбирам, иако страдам и ми недостига.
Ми недостигаат нашето заедничко утринско кафе, коментирањето нови книги и филмови, заедничките галења со децата, она кога ќе ме фатеше за рака и ќе ми кажеше дека сè е океј, и покрај тоа што не беше. Знам дека сум оставена поради тоа што во бракот влегов без страст, без пеперутки во стомакот. Се прашувам понекогаш дали секој мој однос до крајот на животот ќе биде студен…“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.