Дали Сингелиќ е ново жариште на корона, 13 случаи потврдени во изминатите два дена

Дали скопско Сингелиќ станува ново жариште на Ковид 19 во главниот град.? Од 25 новозаболени во Скопје изминатите два дена, повеќе од половината односно 13 се од едно фамилија во населбата. Меѓу дијагностицираните има деца и една трудница, а до ширење на вирусот најверојатно дошло на собирање на семејна вечера. Изворот на заразата е повозраен член од семејството кој според информациите од Центарот за јавно здравје е во лоша состојба и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

-Најверојатно се групирале и не ги почитувале мерките и затоа и бројот на заразени е многу голем. Епидемиолозите ги зеле сите контакти со кои биле, според првичните информации не биле со многу луѓе во контакт но да почекаме и да видиме што ќе покажат резултатите од тестирањата, вели др. Арбен Зибери директор на Центар за јавно здравје Скопје.
Од Центарот за јавно здравје велат дека освен 61 годишниот член кој е во болница, останатите заразени биле во добра здравствена состојба. Зибери со апел дека од граѓаните и почитувањето на мерките од Комисијата за заразни болести ќе зависи кога животот ќе почне да се враќа во нормала и кога ќе биде укинат полицискиот час.


-Пред една недела имавме помалку заболени, сега пак има повеќе бидејќи не се почитуваат мерките. Препорака на епидемиолозите и на надлежните е, и тука не ги делам луѓето по вера дека ако ги почитуваат мерките побрзо ќе излеземе од оваа ситуација, ако не почиотуваат ќе имаме новозаболени и се подолго ќе трае оваа изолација. Да нема групирања оти тоа може да доведе до ширење на вирусот кој е многу вирулентен, вели Зибери.
Инаку, бурни реакции во јавноста предизвика собирот на верниците на литијата во Струга но и најавата на Исламската верска заедница дека од утре ќе бидат отворени вратите на џамиите. Здравствените власти остануваат на ставот дека мерките мора да ги почитуваат сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.