Дали Скопје и Софија заедно ќе го чествуваат и Гоце Делчев?

Откако на претходните средби, заедничката Комисија постигна согласност за препорака до владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил и Григор Прличев, на ред стигна и Гоце Делчев. На петта средба на Комисијата за историски и образовни прашања помеѓу двете земји што се одржа на 10 и 11 април во Софија, била разгледана можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев.
-На средбата Комисијата ги разгледуваше меѓусебно разменетите забелешки за бугарските учебници по историја за 5 клас и македонските учебници по историја за 6 одделение, односно за периодот на антиката. Притоа, Комисијата водеше дискусија во однос на одредени делови кои можат да се подобрат. Во однос на ова прашање комисијата дополнително ќе достави предлог со конкретни препораки до соодветните влади и министерства. Исто така, на средбата беше започната дебата за значењето на Гоце Делчев во двете држави и околу можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Дискусијата по ова прашање ќе продолжи на следните средби, соопшти македонскиот тим при Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.