Дали сте слушнале за “болеста на стјуардесите”? Еве за што станува збор

“Болеста на стјуардесите” е колоквијален термин за периорален дерматитис. Симптомите кои укажуваат на ваквата болест се црвенило и акни од усните до брадата. Во ретки случаи, црвенилото и акните можат да се појават и на носот или на очните капаци.
Периоралниот дерматитис се манифестира преку напнатост и чувство на топлина на лицето.
Причинители
Периоралниот дерматитис e вид на реакција на кожата на претераната нега, поточно на интензивното чистење и нанесувањето на тешки креми. Може да се јави и при честатa промена на козметичките производи.


Погрешната употреба на креми на база на кортизон и честиот стрес се исто така причинители на оваа кожна болест.
Но, зошто се нарекува “болест на стјуардесите”? Името го добила од фактот дека токму стјуардесите практикуваат користење на многу шминка и креми за навлажнување за да ја заштитат кожата од сувиот воздух на кој што се изложени во авионите.
Терапија
Започнете со нулта терапија – заборавете на сите производи за нега на кожата. Во првите неколку денови можеби ситуацијата ќе се влоши, особено доколку сте користеле креми на база на кортизон.
Дерматолозите најчесто препишуваат креми кои содржат антибиотици, а во потешките случаи се препишува и земање на антибиотици.
Потребни се околу 3 недели за симптомите на периоралниот дерматитис да се повлечат, а потоа не остануваат никакви лузни.
Превенција
Обидете се да се воздржите од претераното чистење на кожата и нанесувањето на креми. Доколку сте пронашле козметички производи кои ви одговараат, останете им верни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.