Дали сте слушнале за хипно-породување?

Од гас за смеење и породување во вода, до епидурална анестезија, со сè подобрата технологија многу почесто пронаоѓаме различни начини за олеснување на природното породување.
Во последно време пак, сè попопуларно е хипно-породувањето, за чија популаризација е заслужно кралското семејство, Меган Маркл и Кејт Мидлтон. Тие ја научиле техниката за опуштање, која нуди помирно, попозитивно и помалку болно породување. Но, дали навистина вреди?
Што е хипно-породување?


Оваа техника ја смислила Мари Монган во 1989-та година, која родила две деца за време на 50-те и 60-те години, без анестезија. Таа ја создала оваа техника, спојувајќи ја техниката на дишење, опуштање, визуелизација и водена медитација за жени, а која се учи преку целата бременост – за сето тоа да го искористите во последниот ден, за полесно и попозитивно доживување на породувањето.
„Секоја жена во себе има моќ да го повика својот мајчински инстинкт за раѓање на детето во радост и пријатност која го отсликува природниот процес“, открила Мари во својата книга.
Жените кои ја учеле оваа техника, откриле дека имале посмирено породување и доста помалку интервенции од страна на докторите. Иако програмата не ја оспорува употребата на епидурални или други лекови против болки, јасно е нагласено дека во состојба на целосна релаксација и со помош на само-хипноза и длабоко дишење, ендорфините од телото почнуваат да го преземаат телото, како и окситоцинот, што го олеснува целиот процес.
Како да дојдете до фазата само-хипноза?
Само-хипнозата влегува во состојба на длабока медитација, со помош на водена медитативна лента и вежби за дишење. И да не успеете да дојдете до таа состојба за време на породувањето, повторно е добро да се смирите целосно одвреме навреме. Статистиката покажува дека жените во само-хипноза, 17 отсто помалку бараат епидурална, додека 18 отсто помалку бараат медицинска помош.
Дали би ја пробале оваа техника?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.