Дали сè поголемата популарност на плус сајз манекенките и прекумерната тежина може да предизвика здравствен проблем?

Додека во мода беа слабите девојки, наводно луѓето имале помал проблем со дебелината. Доколку може да им се верува на светските медиуми, манекенката Ешли Грахам го воведе терминот “плус сајз”, но и дебелината која сè почесто се промовира како прифатлив тренд.


Нејзините следбеници нагласуваат дека е важно да се прифаќаат сите видови на тела, но само малкумина зборуваат за тоа колку трпи здравјето.
Неодамнешно истражување покажа дека повеќе од половина мажи не се свесни дека се дебели, а третина од жените се залажуваат за тежината, па со самото тоа шансите за слабеење се речиси никакви.


Плус сајз моделите со вишок килограми пред неколку години станаа пример за девојките и младите ширум светот.
Нешто што отсекогаш се сметало за прекумерно денес се претставува како идеал. Сега експертите предупредуваат дека моделите како што се Ешли Грахам всушност ја промовираат дебелината, што не е добро.
Истражувањето спроведено на повеќе од 23.000 луѓе покажа дека половина од мажите не се свесни дека се дебели, а третина од жените се залажуваат за својата тежина.
Овие резултати се загрижувачки, бидејќи 85 % од оние кои самите себе се лажат за тоа колку килограми имаат, најверојатно никогаш нема да ослабат.
Истражувањето на Универзитетот “East Anglia” говорат дека само половина од луѓето со прекумерна тежина се подготвени да ослабат, што значително го зголемува ризикот од срцев удар, шлогирање и дијабетес тип 2.
Заклучокот на експертите е дека брендовите кои промовираат облека за дами со облини и сè поголемата популарност на Ешли Грахам и девојките како неа може да биде голем здравствен проблем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.