Дали треба да им давате џепарлак на децата за завршување на домашните обврски?

Понекогаш може да биде голем предизвик да добиете помош околу домашните обврски од вашето дете. Некои родители го поттикнуваат вклучувањето на децата во домаќинството, така што им даваат џепарлак кога ќе завршат некоја работа. Но дали ова е добра идеја?
Дали треба да им давате џепарлак на децата за завршување на домашните обврски?
„Обично децата се природно склони кон соработување. Поради ова, нашето 2-годишно дете сака да ни помогне да ја закачиме облеката или да го подготвиме оброкот“, изјавила Даниел Граф, експерт за воспитување.


Таа смета дека причината за ова е тоа што луѓето отсекогаш морале да се потпираат едни на други за да преживеат. Но проблемите можат да настанат доколку родителите несвесно го обесхрабруваат тоа корисно однесување, ако на пример, на детето му треба подолго за да заврши некоја обврска. Во спротивно, децата би продолжиле да помагаат со домашните обврски, но со помалку ентузијазам.
„Плаќањето на децата за да помогнат во семејството е обид да се мотивираат однадвор.“
Иако ова може да функционира, подобро е да ги поттикнете децата да ви помогнат поради лојалноста кон семејството. Даниел нагласува дека зад желбата на родителите децата да им помагаат повеќе, стои верувањето дека домашните обврски се неправилно распоредени и дека нивната работа не се почитува доволно.
„Тоа чувство нема да исчезне ако ги наградувате деца со пари.“
Наместо тоа, родителите би требало да разговараат со децата за ситуацијата и да им дадат до знаење кои се нивните желби што би требало да ги почитуваат. Отвореноста и искреноста секогаш ја подобруваат семејната ситуација. Меѓусебното почитување треба да биде дел од воспитувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.