Дали ушите ви се затнати од водата? Решете го проблемот со овие 3 трика

Речиси на сите им се има случено да им се затнат ушите од водата и сите го знаеме стариот трик со скокање на едната нога. Но, ако тоа не ви помогне, испробајте некој од наведените трикови.
Дали ушите ви се затнати од водата? Решете го проблемот со овие 3 трика
1. Џвакајте или преправајте се дека џвакате
Коските на вилицата се наоѓаат во близина на увото и помагаат ако правите движење како да џвакате храна. Јадете нешто, ставете гума за џвакање во устата или само импровизирајте. Во исто време, навалете ја главата надолу од страната на увото што не ви е затнато и свртете го нагло на другата страна.
2. Создајте вакуум во увото
Ставете го увото на дланката, а потоа притиснете ја дланката внатре-надвор. Ова ќе создаде мал вакуум за да се извлече водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Наведнете го увото надолу, турнете го прстот во него и брзо извлечете го.
Повторувајте додека не излезе водата. Прстот мора да биде чист. Обидете се и со масирање на увото во насока на стрелките на часовникот.
3. Исушете го увото со топол воздух
Ако не сте успеале да го одзатнете увото додека сте на плажа, кога ќе се вратите дома, решете го проблемот со фен за коса. Држете го фенот на растојание од 30 цм од увото, а топлиот воздух ќе го поттикне испарувањето на водата од увото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.