Дали ќе се стопира Референдумот – денес решава Уставен

На седницата која утрово ќе ја одржи Уставниот суд ќе зависи судбината на Референдумот за Договорот со Грција, кој е закажан за десетина дена.
Девет уставни судии денес ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на Референдумот. Пред нив ќе се најдат иницијативите поднесени од “Левица“ и Светскиот македонски конгрес со кои се бара поништување на одлуките за Референдум и времено стопирање на сите активности околу него.
Судот има три опции – може да ја прифати или отфрли иницијативата или себеси да се прогласи за ненадлежен. Судијката Елена Гошева е известител, и неофицијално, поведувањето на постапка за преиспитување на уставноста на одлуката е на нејзина иницијатива.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.