Даниела Димовска избрана за претседател на Кривичниот суд во Скопјe

Судијката Даниела Димовска беше избрана за претседател на Основниот кривичен суд во Скопјe на денешната седница на Судскиот совет.

Одлуката е донесена по постапка на јавен оглас, за која пријави поднесоа двајца кандидати – Даниела Димовска, судијка и в.д. претседател на Основниот кривичен суд во Скопјe, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд.

Претседателот на Комисијата за селекција, Ивица Николовски, информираше дека обете апликации се во ред и дека кандидатите ги поминале предвидените тестови и интервјуа. По одобрувањето на извештајот и гласањето, Димовска беше избрана за претседател.

Димовска беше избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд во Скопјe пред една година. Претходно, таа беше судија во Одделот за организиран криминал и корупција при истиот суд.

Пронајдете не на следниве мрежи: