петок, 27 ноември 2026
Најново

Дара Бубамара би сакала да му се врати на бившиот маж

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дара Бубамара секогаш има само пофални зборови за нејзината поранешен сопруг Милан Кесиќ, а сега таа заинтригира многумина со својата шокантна изјава.
Пејачката зборуваше за Милан и истакна дека двајцата не се развеле поради љубомората.


„Мојот поранешен сопруг никогаш не бил љубоморен. Љубомората не беше причина за нашиот развод. Тој беше вистински човек за таа работа. Се’ разбира. Само некој таков може да се врати во мојот живот. А, можеби дури и Милан, кој знае?“ – изјавила Дара за спски „Ексклузив“, а потоа додала каде ќе го прослави својот роденден.
„За мојот роденден, можеби ќе заминам во Париз“- рекла пејачката, чиј поранешен сопруг живее и работи токму во Париз.

Поврзани вести